Македонија 08. ноември 2019. / 09:32

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните земаат минимални плати, а фирмите на Заев вртат над 50 милиони евра годишно

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните земаат минимални плати, а фирмите на Заев вртат над 50 милиони евра годишно

Со СДСМ на власт во Македонија не се празнат само селата се попразни се и градовите. Власта три години не презема ништо да ги врати иселените како што ветуваше. Напротив се повеќе се иселуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека граѓаните бегаат од државата заради беспарицата и уништениот правен систем. Граѓаните живеат во сиромаштија. Само семејството Заеви профитира.

Граѓаните земаат минимални плати, а фирмите на Заев вртат над 50 милиони евра годишно. Заев го направи буџетот скоро 4 милијарди, како би можеле неговите, фирмите на неговото семејство и фирмите на блиските до власта да добиваат тендери и да ги полнат банкарските конта. Со Заев на власт во Македонија нема живот за граѓаните. Има живот за врхушката на власт. Со Заев на власт граѓаните се иселуваат. А тие што остануваат живеат во немаштија. Зоран Заев е причината за голготата на граѓаните во изминативе три години. На 12 април граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија, се наведува во соопштението од партијата.

По 12 април следува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.