По скандалозната навредлива изјава на премиерот Зоран Заев, се огласи и ВМРО-ДПМНЕ, од каде посочија дека криминалците се во Владата и ги води Зоран Заев. Тие ја уриваат Македонија и единствен начин да се спаси државата еда бидат поразени.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев е во очевидна паника. Доказите кои излегуваат во јавноста за случајот „Рекет“, кои го стегаат обрачот околу него се флагрантни и од нив нема бегање. Одговорност мора да има.
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува навреди и заканите на Заев кон новинарите кои го обелоденија неговиот криминал. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и навредите врз основа на сексуалната определба. Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува, додаваат од таму и велат дека толкав гнев и агресија кон луѓе со поинаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период.
Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има докази против него и ќе ги обелодени. Заев е главата на октоподот, мозокот кој ги движи пипките како Боки Тредичи, Зоки Кичеец и Катица Јанева. Заев е човекот без чие знаење милионскиот рекет кој траеле со години воопшто и не би бил можен, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
–Господине Заев одете си и оставете Македонија да заздрави од вас. Правда во Македонија ќе има, но не со вас на власт – порачаа во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.