Македонија 18. јануари 2021. / 09:58

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сега лаже за фрижидерите за чување на вакцината против корона

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сега лаже за фрижидерите за чување на вакцината против корона

Венко Филипче сега лаже и за фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините против корона, велат од најголемата опозициска партија. Додека граѓаните во Европа и светот се вакцинираат против корона, Филипче не може да набави фрижидери за чување на вакцините, а нема ни вакцини.

– Кон средината на декември, односно на 13 декември минатата година Филипче изјави дека потребните фрижидери за чување на вакцината против корона ќе стигнат средина на јануари годинава, викендов пак вели „два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели“. Повторно лаже! Фрижидери уште нема!, велат од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека Филипче рече дека ќе има околу милион и двесте илјади вакцини или 800 илјади дози од Фајзер, по отприлика исто толку од КОВАКС механизмот и преку Европската делегација. Но, според нив Филипче одново шири лаги, а нема ни трага ни глас, како што велат, од долгонајавуваните вакцини.

– Филипче вели не стигнале доволно колични на вакцини од Фајзер во земјите челенки на ЕУ, затоа немало и за нас. Си кажа и дека нема се уште ни договор со Фајзер или „за кратко време договорот ќе биде склучен“. А според Филипче целосно е подготвен системот во однос на складирање, план на дистрибуција, идентификување на критични групи според приоритет. А како тоа се е подготвено кога нема доволно фрижидери за складирање, а нема ни што да складира – нема вакцини!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие не престануваат со критиките за Филипче. Велат дека тој ниту го подгототвил здравствениот систем да одговори на пандемијата, не набавил соодветни лекови, лаже за вакцините, лаже за фрижидерите во кои треба да се скалидираат истите.

– Цената за неспособноста и лагите на Филипче е многу голема ја плаќаат граѓаните со својот живот, затоа одговорност и оставки мора да има, завршуваат во соопштението од опозициската партија.