Министерот Венко Филипче секој ден во јавноста докажува дека е министер за зараза и смрт. Пред стартот на работа на градинките проблеми, по почетокот на работата секојдневно броиме заразени деца и персонал од градинките, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Учебната година ги изненади, па ја одложија за први октомври и пак проблеми. Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол. Погрешните и лоши политики на Филипче ја направија Македонија црна дупка во регионот, Европа и пошироко. Погрешните и лоши политики на Филипче ја ставија Македонија на врвот на новозаболени, како и на врвот на починати лица. Сега по шест месеци почнал да прави анализи, ама за својата неспособност вината ја префрла на граѓаните. Филипче додека се занимава со парцели, куќи и згради, а и криминални тендери, граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот, велат од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.