Македонија 07. март 2021. / 14:22

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара да дадеме амин на најкорумпираната влада во Европа, да располага со пола милијарда евра

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара да дадеме амин на најкорумпираната влада во Европа, да располага со пола милијарда евра

Филипче бара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дадат амин на најкорумпираната влада во Европа да располага со над 500 милиони евра, обвинуваат од опозициската партија во соопштение.

Она што го нуди Филипче на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а е поврзано со Клиничкиот центар е тие да дадат амин на најкорумпираната влада во Европа да располага со над пола милијарда евра за криминална изградба на Клинички центар, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повикот на министерот за здравство, Венко Филипче до опозицијата, да ги повлече 2000 амандмани со кои е блокиран Законот за изградба на нов Универзитетски клинички центар и да го контролира процесот за изградба на новиот центар.

– Или фигуративно кажано да се согласат пратениците два гладни волка да влезат во стадо јагниња и сето тоа немо да го посматраат. Филипче краде од набавка на томографи, а можете да замислите што ќе се случи кога на располагање ќе имаат над пола милијарда евра. Тоа би било пљачка на векот. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал и грабеж. Бидејќи СДСМ се фали дека има стабилно мнозинство можат да го поминат законот но да знаат дека ќе одговараат за секое украдено евро потоа. Несериозно е со закон од неколку листа да им се даде за право да украдат над пола милијарда евра, велат од партијата.

Од таму додаваат дека фактот дека не започнаа со градба на готов проект и пари кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ при смена на власта, најдобро говори дека сега бараат личен криминален интерес од градба на друг проект.