Македонија 20. мај 2020. / 23:26

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев ќе се повлече од СДСМ ако загуби на изборите?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев ќе се повлече од СДСМ ако загуби на изборите?

Ако Зоран Заев е убеден во победа тогаш зошто не одговора на прашањето дали ќе се повлече од функцијата претседател на СДСМ кога ќе ги загуби изборите?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва во интервју на ТВ Стар порача дека Христијан Мицкоски бега од избори зашто се плаши од пораз.

Во реакцијата испратена од ВМРО-ДПМНЕ, партијата потсетува на анкетите кои покажуваат дека над 70 проценти од македонските граѓани се против брзи избори. Велат, Заев оди наспроти волјата на огромнот мнозинство граѓаните.

– На 21 јуни Заев наместо гласови сака Македонија да ги брои жртвите и заболените од опасниот корона вирус. Во изминатите 5 дена во Македонија има 118 нови заразени од коронавирусот, а 5 лица починаа. Да се грижеше барем малку за здравјето на граѓаните немаше да притиска изборите да се одржат час поскоро во време кога нема услови за фер и демократски изборен процес и кога здравјето на граѓаните е ставено под знак прашалник, стои во реакцијата на ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека и бизнис секторот исто така апелираше дека во моментов нема услови за брзи избори, потенцирајќи дека во моментов на стопанството не му се потребни избори туку мерки за спас на економијата која е урнисана.

– Граѓаните како и стопанствениците се излажани, нема ниту “е“ од економските мерки кои толку помпезно беа најавувани, загубите на стопанството се бројат во милиони, повеќе од 100 илјади македонски граѓани се оставени без работа или добиле привремен отказ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.