Денеска има 31 мртов човек од корона, 31 семејство е завиено во црно. Неспособниот Венко Филипче треба да одговори дали се уште смета дека има услови за избори во Штип кога нема ден а да нема двоцифрена беојка на мртви од корона, велат од опозицијата.
-Неговите грешки ги покрива земјата. Филипче треба да даде оставка затоа што: Во Македонија бројката на починати е пет пати поголема од онаа на светско ниво. Или во Македонија бројот на починати лица на милион жители е 646, додека пак бројот на починати лица на милион жители, на светско ниво е 171, велат од опозицијата.
Оттаму велат дека, Македонија е на дно по бројката на тестирани лица.
-Словенија која по број на жители речиси колку и Македонија, досега има направено 447.973 тестови, односно 215.470 на милион жители, што е околу 35% повеќе тестирани од Македонија. Токму поради сите овие факти и поради тоа што граѓаните се оставени сами на себе, одговорност мора да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.