Брзите избори нема да го спасат Зоран Заев, тој веќе е прочитан од граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставот на СДСМ за одржување на избори во јуни. Велат избори ќе има кога нема да има опасност по здравјето на граѓаните на Република Македонија.
-Сите маски на Зоран Заев паднаа. Од бомбите јавноста слушна и како под целосна контрола на Заев и во негова служба е ставено рекетарското СЈО. Во една од снимките тој најавува што натака СЈО ќе прави и како жестоко ќе се справува со неговите политички противници.
Слушнавме и како Заев тргувал со нелегално прислушкуваните материјали раздавајќи ги по луѓе за да уценува политичари.
Македонската јавност доби потврда дека граѓанските организации, и оние финансирани од СОРОС, како граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се под контрола на Зоран Заев.
На изборите граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и ќе го испратат таму каде што му е местото. Доаѓа време на вистината. Вистината ќе го казни Зоран Заев и неговите криминалии, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ