Денеска имаше ново рочиште за случајот Монструм, а за тоа се јавија со соопштение од ВМРО-ДПМНЕ и бараат одговор од Заев зошто лажеше и ги злоупотреби семејствата на убиените во Смилковско за политички цели.
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на најголемата опозициска партија.
– Почитувани, Фатиме Фетаи вели дека немало ништо во бомбите за случајот „Монструм“ барајќи казна за веќе обвинетите. Заев велеше дека невини луѓе се во затвор за случајот „Монструм“. Главното прашање е зошто Заев лажеше и ја злоупотребуваше трагичната судбина на семејствата на убиените од Смилковско езеро за политички цели. Главниот политички монструм во „Монструм“ е Зоран Заев. Тој е главниот извор на безочни лажни вести и дрска злоупотреба на луѓе и судбини. Заев должи одговори, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.