Македонија 08. март 2021. / 09:18

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите покажуваат пораз на Заев, затоа тој прави очајнички потези и нуди широка влада

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите покажуваат пораз на Заев, затоа тој прави очајнички потези и нуди широка влада

Владата виси на конец, анкетите покажуваат убедлив пораз, па затоа Зоран Заев нуди широка влада со опозицијата, што е очајнички потег за спас на сопствената политичка кариера, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев е исплашен човек. Свесен дека владата му виси на конец, како давеник кој се фаќа за сламка дава предлози за широка влада, за спас на неговата политичка кариера, како и спас за најкриминалната влада.

На криминалецот Заев треба да му е јасно дека нема да се спаси од одговорност за сите штети кои и ги направи на Македонија.

Народот се погласно се спротивставува на хибридниот режим на СДСМ, тоа го покажуваат и последните анкети. Зоран Заев ќе доживее убедлив пораз.

Исплашен од нискиот рејтинг, Зоран Заев преку дворски игри заедно со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се меша во ВМРО-ДПМНЕ. Никакви иницијативи позади кои се потврди дека стои директно Заев, нема да му ја спасат владата која и така едвај функционира.

Свесен дека секојдневно расте револтот во сопствената партија како наближуваат изборите, Заев се обидува преку лично храбрење и храбрење на неговите најблиски соработници да купи уште некој ден плус за да целосно ја опустошат Македонија.

Треба да му биде јасно на Зоран Заев дека крајот на неговата политичка кариера му се ближи.

Никакви очајнички потези повеќе не му поминуваат, ќе одговара и Зоран Заев и кликата околу него, ќе лежите во затвор, наведуваат во партиското соопштение.