Македонија 23. февруари 2019. / 12:19

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ продолжи да вработува роднини, платите ќе растат, граѓаните ќе осиромашуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ продолжи да вработува роднини, платите ќе растат, граѓаните ќе осиромашуваат

Ако продолжи врхушката од СДСМ да вработува свои роднини во администрација за дебели хонорари просечната плата ќе расте, а огромниот број на граѓани ќе осиромашува, реагира ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ за порастот на просечната плата.

Граѓаните многу добро ги чувствуваат по својот џеб погрешните политики на овој криминален картел на власт. Впрочем дека се работи за статистичка гимнастика и нереален раст на плати говори и фактот што власта го укина условот за раст на пензиите кој беше поврзан со растот на просечната плата. Да постоеше навистина реално растење на платите и повеќе пари во македонската економија тогаш немаше да биде проблем и пензиите да растат со пропорционалното растење на платите. Но реалноста е дека преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, наведува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.