Притисокот на власта кон неистомислеците продолжува.
Александар Трајковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, доби отказ од работа од Царинската управа.
Во неговото решение пишува дека самоиницијативно патувал во странство по второ лекарско мислење.
– Притисокот на власта кон сите кои мислат поинаку од нив продолжува.
Денес ми е врачено решението со кое ми престанува работниот однос во Царинската управа бидејќи самоиницијативно сум патувал во странство по второ лекарско мислење.
Оваа одлука е директен атак на власта кон мене како избран Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба каде мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ со само еден Советник повеќе од СДСМ.
На креаторите на оваа постапка за мое бркање од работа им порачувам дека нема да ме скршат туку напротив ме мотивираат бидејки тиранот е на колена!
Јас ќе се вратам во Царинската управа бидејќи Законот е на моја страна и тоа пред Суд ќе го докажам а оние кој ја спроведоа оваа незаконска постапка ќе одговараат! – објави Трајковски на Фејсбук.
Инаку Трајковски во претходниот период бил на доктор во Будимпешта, Унгарија, по што на власта тоа му сметаше.