Република Македонија не чека само на донации туку ги направи сите потребни чекори, процедури, а алоцираше и средства и почна директни преговори за набавка на вакцини, рече владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција во Владата.
Додаде дека се користат сите инструменти, вклучувајќи го и Ковакс механизмот како прв на располагање, а веќе се обезбедени 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани.
-Согласно планот за дистрибуција вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021-та година, рече Арсовски.
На прашањето во однос на колкава бројка на вакцини и кога ќе бидат донирани во државава од страна на Бугарија, владиниот портпарол рече дека допрва треба да се одговори конкретно за колкава бројка на вакцини станува збор.
-Планот е дел од тоа што ќе пристигне како пратка во Бугарија да биде наменета за Република Северна Македонија, одговори кусо владиниот портпарол.