Македонија 30. март 2020. / 20:53

Владата ќе бара од НАТО да ги активира механизмите за заштита во услови на вонредни состојби

Владата ќе бара од НАТО да ги активира механизмите за заштита во услови на вонредни состојби

Владата ја одржа својата 31. седница на која беа усвоени записниците од 13. и 14. состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Kовид-19, одржани на 28 и на 30 март 2020 година.

Согласно заклучокот од 14. состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот, Владата одлучи да побара од НАТО да бидат активирани механизмите за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атлантскиот центар за координиран одговор во случаи на катастрофи (Euro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre – EADRCC) и задолжи работна група предводена од Секретаријатот за европски прашања, кој ја координира меѓународната помош, да подготви листа на приоритети за кои е неопходна идна асистенција од овие механизми.