Македонија 28. февруари 2020. / 22:38

Виничанец сомнителен на корона вирус избегал од штипската болница

Виничанец сомнителен на корона вирус избегал од штипската болница

Виничанец кој бил повратник од Италија, а сместен во штипската болница поради сомнежи за корона вирус избегал од болницата и заминал дома, потврдија од Министерството за здравство.

Според информации лицето насилно го скршил прозорецот и излегол преку него по што се одалечил во непознат правец.

Од МВР рекоа дека лицето го пронашле дома, каде што со лекари го убедувале да се врати во болницата.

Пациентот и неговата партнерка која е хрватска државјанка пред неколку дена допатувале од Италија. Бидејќи почувствувал симптоми на вирусот отишол да се тестира на инфективниот оддел на болница во Штип. Но, иако докторите му рекле да остане во болницата додека стигнат резултатите, тој го скршил прозорецот од собата во која бил сместен и избегал.

– Лицето е пронајдено во неговиот дом. Ќе остане во домашна изолација додека стигнат резултатите од тестирањето, велат од Министерството за здравство.