Македонија 23. декември 2019. / 15:31

(ВИДЕО) Зоран Заев: „Да, ако дојде на власт Мицкоски ќе ги поништи договорите од Преспа и со Бугарија“

(ВИДЕО) Зоран Заев: „Да, ако дојде на власт Мицкоски ќе ги поништи договорите од Преспа и со Бугарија“

Да, ако Мицкоски дојде на власт ќе ги поништи договорите од Преспа и со Бугарија, но затоа нема да дојде на власт, изјави премиерот во заминување Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изнесен во денешното интервју за „Утрински брифинг“.

Премиерот во заминување побара одговорно однесување на сите политички партии, од најмалите до најголемите, во врска со вака чувствителни прашања, зашто, според него, поништувањето на договорите ќе не врати 15 години наназад и веданш ќе стави рампа за членството на Македонија во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.