Македонија 13. јуни 2018. / 09:32

(ВИДЕО) Заев пред изборите се заколна во своите деца дека нема да го смени уставното име

(ВИДЕО) Заев пред изборите се заколна во своите деца дека нема да го смени уставното име

Премиерот Зоран Заев во интервју за телевизија Плус, изјави дека доколку СДСМ дојде на власт, промена на името нема да се случи.

Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет, дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син и ќерка, сме Македонци, родени овде во Македонија. Промена на името не може да се случи, изјави Заев пред да дојде на власт.

Тој додаде дека не постои роден човек во Македонија кој е подготвен во Собрание да бара промена на Устав, заради промена на уставното име.

Инаку, Заев вчера на прес конференција изјави дека со Ципрас го договорил името Република Северна Македонија, а договорот откако ќе се потпише, ќе се ратификува во Собранието.