Вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција за новиот специјален советник во Владата Валтер Дефа, кој е номиниран од Владата на СР Германија, по навика го употреби претходното име на државата, па наместо Република Северна Македонија, тој кажа Република Македонија.
На ова реагираше премиерот Зоран Заев кој го коригираше, а потоа се насмеа.