Македонија 07. ноември 2020. / 17:39

(ВИДЕО) Заев не може да се договори со себе: Прифативме ли заедничка историја?

(ВИДЕО) Заев не може да се договори со себе: Прифативме ли заедничка историја?

Примерот Зоран Заев е познат на јавноста по тоа што често го менува своето мислење на одредени теми. Истото тоа го направи и сега каде целосно ги прегази сопствените зборови околу заедничката историја со Бугарија.

Бугарија не дозволува да биде усвоена преговарачката рамка што треба да го отвори патот за старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Иако пред неколку години премиерот Зоран Заев нѐ убедуваше дека не прифаќаме заедничка историја со Бугарија, тој денеска го изјави сосема спротивното. Очигледно е дека ни самиот тој не може да се договори сам со себе. Погледнете го видеото да сфатите за што станува збор.

Ова не е првпат Претседателот на Владата да го смени своето мислење. Да се потсетиме, пред неколку години тој се колнеше во сопствените деца дека нема да го смени името на државава, но и тогаш си ги прегази своите зборови.