Македонија 24. јули 2019. / 15:34

(ВИДЕО) Заев лаже додека најавува борба против лажни вести

(ВИДЕО) Заев лаже додека најавува борба против лажни вести

Премиерот Зоран Заев денес го претстави пред јавноста планот за борба против лагите и дезинформациите. Но, кога по неговиот вовед требаше да одговара на новинарски прашања, дојдоа проблемите.

Имено, премиерот или излажа додека го претставуваше планот или пак навистина не знае што точно предлага, објави Курир.

За нешто кое тој самиот го зборуваше пред два дена, Заев денес се изјасни дека ПРВ ПАТ СЛУША ЗА ТОА.

Новинарско прашање: „Во новиот закон за јавно обвинителство има дел каде што се тврди дека сите истраги од новото обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе се процесуираат во специјализиран оддел во кривичниот суд. Дали тоа значи дека и со новото решение ќе имаме специјален оддел во судот или некој специјален суд“?

Одговор на Заев:

Јас прв пат слушам за таква работа, го имам пролистано законот. За специјален суд формирање не. Специјален оддел мислам дека не. Прв пат слушам.

Новинарот потоа го потсети премиерот дека станува збор за член 30, став 4, но Заев не можеше да се сети.

Рече ќе го прочита уште еднаш, па ќе даде дополнителен коментар.

Како гласи членот, погледнете во продолжение:

Кој ќе се бори против лагите и дезинформациите сервирани од високи функционери до јавноста, останува да видиме.