Македонија 05. март 2020. / 13:42

(ВИДЕО) Заев избега од дуел со Мицкоски: Не прифаќам дуел на Алфа

(ВИДЕО) Заев избега од дуел со Мицкоски: Не прифаќам дуел на Алфа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција соопшти дека нема да оди на телевизиски дуел со неговиот противкандидат, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на телевизија „Алфа“.

Тој добил покана за да оди на дуелот за на 12 март, но до денеска не одговорил. Откако новинарот на„ Алфа“ го праша дали ќе ја прифати поканата за дуелот, Заев ги праша членовите на партијата кои се присутни на сите прес – конференции на лидерот. По негодувањата на членството, Заев кажа дека го слуша народот и дека нема да учествува на дуелот.