Македонија 07. септември 2019. / 10:21

(ВИДЕО) Заев дава изјава, директорот превртува очи – не било за Заев, топло му било

(ВИДЕО) Заев дава изјава, директорот превртува очи – не било за Заев, топло му било

Директорот кој беше снимен како „превртува очи“ за време на изјава на премиерот демантира дека неговата реакција се однесува на тоа што го говорел Заев, пишува Експрес. Во текот на денот телевизија Алфа објави видео во кое директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Кристијан Костов, прави гримаси додека премиерот Зоран Заев зборува за оптимизам за законот за СЈО.

Костов на вести синоќа демантираше дека регирал на тоа што го зборувал Заев. Тврди дека причината за реакцијата била високата температура во болницата каде што се давале изјавите.

Зошто било топло во здравствената установа, дали не работела климатизацијата или објектот се загрева енормно од други причини, директорот не открива.