Македонија 17. март 2019. / 13:54

(ВИДЕО) Вучиќ контра Заев: Големиот пријател на тајкунот Јеремиќ и Ѓилас се пофали како го осудил Чавков на 18 години

(ВИДЕО) Вучиќ контра Заев: Големиот пријател на тајкунот Јеремиќ и Ѓилас се пофали како го осудил Чавков на 18 години

Обраќајќи се до јавноста српскиот претседателот Александар Вучиќ го спомена и премиерот Зоран Заев и неодамнешното судење за случајот 27 април каде што Митко Чавков доби 18 години затвор за настаните во Собранието.

– Големиот пријател на тајкунот Јеремиќ и Ѓилас, се пофали како го осудил Чавков на 18 години, затоа што не спречил граѓаните да влезат во Собрание, и сега многумина можеби сметаат дека и ние треба да размислуваме на тој принцип. Јас сметам дека нашиот министер Небојша Стефановиќ мислел дека има работа со одговорни луѓе и не очекувал насилства. – изјави Вучиќ.