Македонија 29. јануари 2021. / 10:55

(ВИДЕО) Тасева: Политичарите, бизнисмените и функционерите се недопирливи за правдата

(ВИДЕО) Тасева: Политичарите, бизнисмените и функционерите се недопирливи за правдата

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл во „Утро со Златев“, на Радио Лидер се осврна и случајот Рекет кој го спореди со случајот на Иснифарис Џемаили, кадешто има некаква судска разрешница, но не до крај расчистено што се случило во тој конкретен криминален настан.

„Јас го гледам како целосен криминален настан во кој има повеќе ученици. За секого од нив треба точно да се дефинира улогата и дејствијата кои ги преземал. Многу пати остануваат работите нерасчистени до крај, од не знам која причина. Некогаш не ни отвараат во постапка, однапред се затворени некои делови од постапките, однапред се знае или се планира како треба да излезе исходот од тој случај, што исто така е состојба која треба дополнително да се  анализира“, рече Тасева.

Според неа, тешко се доаѓа до врвовите, до оние на највисокото ниво, таму кадешто се наоѓа највисоката корупција, како што вели, кадешто се случуваат највисоките трансфери на пари и влијанија, затоа што корупција не е секогаш само материјалнo. До таму рече, нашите судски пресуди и постапки се уште не досегнале.

За случаите на висока корупција таа вели дека веќе постои еден термин „impunity“, а значи заштитеност, недопирливост од правдата.

„Таква недопирливост постои кон политичарите на високо ниво и луѓето од бизнисот на високо ниво и сите функционери на високо ниво, низ целиот овој период од 30 години“, рече Тасева.

Целиот подкаст може да го погледнете на следниот ЛИНК.