По иницијатива и барање на советничката група на ВМРО ДМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во општина Гази Баба денес се одржа итна седница на Советот на која се донесе одлука за доделување на финансиска помош за настраданите од земјотресот кој ја зафати Албанија.
Со одлука на Советот нашите соседи од Драч и Тирана како напогодени од земјотресот доделуваме финансиска помоп во висина од 300 000 денари. Неодамна и општина Гази Баба ја имаше судбината на граѓаните на Драч и Тирана и беше зафатена со поплава која остави голема материјална штета, а за голема жал настрадаа у наши сограѓани , и поради тоа ние испраќаме најдлабоко сочувстви до нашите соседи, изјави денеска Андреја Неденовски, координатор на Советничката гупа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија.