Македонија 16. март 2019. / 10:18

(ВИДЕО) Сопругата на Никола Младенов: Тој загина поради брзо возење

(ВИДЕО) Сопругата на Никола Младенов: Тој загина поради брзо возење

Сопругата на загинатиот новинар Никола Младенов, Билјана вчера гостуваше во 1ТВ, каде кажа дека нејзиниот сопруг загина поради брзо возење.

Иако многу се зборувало за причините за смртта на Младенов, сепак Билјана смета дека неприлагодената брзина е причината за сообраќајната несреќа.

– Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина, согласно условите на патот. Јас ја разбирам добрата намера на сегашната влада. Луѓето ја изгубија целосно довербата во институциите на системот. Тоа дополнително ги подгреваше сомнежите не само за сообраќајната несреќа на Младенов. Тоа не беше констатација само на граѓаните, туку и од целокупниот меѓународен фактор, добивме оценка дека нашиот правен систем е урнисан и имаме заробена држава. Да бидам децидна. Причината за трагичната сообраќајна несреќа е брзината. Апсолутно немам сомнеж дека стои нешто покрупно. – рече Младенова.

Новинарката на 1ТВ констатира дека истагата била водена „валкано“, па ја запраша Младенова дали тоа иодговарало на претходната власт, бидејќи два пати излегувал истражниот судија на самото место на несреќата.

– И во двете твои тези се согласувам. Првата за мене е поблиска до моите убедувања. Сеење на страв, бидејќи претходната власт не настапуваше од позиција на власт, туку на моќ, таа сама по себе значи сила, силата значи страв. – објасни Младенова.

И од бомбите и од се што слушнала, Младенова сепак тврди дека причината за смртта е брзината која не била усогласена со условите на патот.

– Слушнав се и сешто. Луѓе кои искрено жалат. Слушнав луѓе кои се потсмеваат. Не сум јас истражен орган, но бев прва која се залагаше да се дознае вистината. По сите сознанија од последниот период кои ги имам јас, причината е брзината која не била усогласена со условите на патот. Има во државава институции кои доколку констатираат нешто ново, нека излезат нека кажат. Јас по толку поминато време, сметам и стојам зад тоа дека Никола Младенов загина поради неприлагодена брзина. Јас сум благодарна на Заев за да излезе вистината на виделина, тој алудираше на тоа дека институциите треба да се преиспитаат внатре дали ја завршиле работата според поставените стандарди. – кажа Младенова.

Целиот разговор погледнете го во видеото.