Македонија 12. мај 2020. / 15:15

(ВИДЕО) Шилегов со жестоки навреди: Mинистерот Чулев е ,,лудак” и ,,ненормален”

(ВИДЕО) Шилегов со жестоки навреди: Mинистерот Чулев е ,,лудак” и ,,ненормален”

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов упати жестоки навреди кон министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој како што вели тој, не ги заштитил градските редари што вчера беа претепани од диви собирачи на отпад по што едниот од нив заврши во шок-соба на КАРИЛ.

Во еден момент на самиот крај од видео-снимката Шилегов на денешниот брифинг за акцијата „спортувај од дома за време на корона“ кога се исклучија камерите за Чулев вели „Лудак, ненормален!“, обвинувајќи го дека не овозможил полициска заштита за градските редари во справувањето со дивата депонија на Вардариште, пренесоа медиумите.

„Инспекциските служби на Град Скопје се најдобри, но со непомагањето сака да се девалвира работата на градоначалникот или на СДСМ. Инспекторот е на Интензивна, уште не сум стигнал да го видам“, рече Шилегов пред да го нападне Чулев со погрдни зборови.

Згрозен сум од Наќе Чулев. Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите што би ни обезбедиле нормално функционирање. Рече дека нема да казнува, па сега добиваат сила за анархија. Градски инспектори беа нападнати во Вардариште, но евидентирани се напаѓачите од Вардариште. Чулев да престане да се однесува како евтин платеник на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и да ја загрозува здравствената и економската состојба во државата за ситен политички профит. Поведението на полицијата за време на полициски час е недозволиво, рече Шилегов претходно.

Навредите на Шилегов кон Чулев се на крајот од видеото.