Македонија 21. February 2019. / 21:09

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски и Груевски се сценаристи на денешното претепување

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски и Груевски се сценаристи на денешното претепување

Според портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски, ВМРО-ДПМНЕ во нови насилнички сценарија.

– Медиуми и интернет портали блиски до ВМРО ДПМНЕ денеска синхронизирано пласираа голем број на неточни, лажни вести, шпекулации како дел од ова сценарио, рече Костадинов.

Однесувањето на Мицкоски и неговиот театар во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа, особено имајќи во предвид дека Миле Јанакиевски немал никакви повреди, што е потврдено и со прегледот.

СДСМ најостро осудува било какво насилство и го осудува инцидентот во затворот во Шутка.

– Нема толеранција за било какво насилство, благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски. Очекуваме надлежните институции да го расчистат овој инцидент.

– Нема да дозволиме Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните. Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее. Одговорност за нарачателите, извршителите за крвавиот 27 април мора да има, дециден е Костадинов.