Македонија 09. август 2020. / 12:28

(ВИДЕО) СДСМ кријат каде потрошиле 700.000 евра во кампањата!

(ВИДЕО) СДСМ кријат каде потрошиле 700.000 евра во кампањата!

СДСМ нема оправдување за потрошени над 700.000 евра, пари, во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.

Имено, во извештајот кој го доставија СДСМ до Државниот завод за ревизија, јасно се гледаат празни полиња, на местата каде што треба да се запишат сумите потрошени за рекламирање на социјални мрежи и за закуп на рекламни паноа, односно билборди, рече Арсовски.

Тој додаде дека просто е нејасно, зошто СДСМ ги крие овие работи ако знаеме дека лесно може да се најдат и се достапни за истражување – онлајн.

Билбордите јавно се ждребаа во ДИК и за оние локации кои ги закупија СДСМ јасно е дека потрошиле стотици илјади евра, а пак за рекламите на социјалните мрежи веќе експертите коментираа низ медиумите дека дневно СДСМ во текот на кампањата трошеа над 27.000 евра или во текот на целата кампања над 500.000 евра, односно над половина милион евра. Сомнежот за криењето на сума од над 700.000 евра вкупно, доведува до тоа да граѓаните веќе погодуваат на кој начин во СДСМ ги стекнале овие пари кои што не ги пријавиле во извештајот, потенцира Арсовски.

Тој праша дали можеби парите се од рекетирањето на бизнисмените и од Луј Витон торбата? Тоа останува, како што рече, да одговори СДСМ.

Целиот изборен процес и кампања СДСМ го водеше недемократски и со изборен грабеж и поткуп.
Нормално, со црни пари, за кои на сите граѓани веќе им е јасно тоа.
Дупката од 700.000 евра во извештајот на СДСМ е доволен показател дека целата кампања ја финансирале од црните пари кои ги стекнале преку рекетирање, заврши Арсовски.