Премиерот Зоран Заев во вчерашното гостување на телевизијата АлсатМ, изјави дека знае кој е човекот кој му ги направи двете лузни, но дека не го пријавил, бидејќи има две деца.
-Тој што ја направи најголемата лузна, и оваа другата, апсолутно не е фатен во ниеден процес, зошто не го фатиле камерите. Јас го знам кој е човекот, што требаше сега, да го пријавам, има две деца. Не е фатен, до каде е тоа правдата. – рече Заев.
Премиерот со оваа скандалозна изјава прикрива лице кое што учествуваше во настаните на „27 април“ во Собранието, а за овој упад Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение, против неколку лица, за тероризам и загрозување на уставниот поредок.
Прикривањето на лице кое сторило вакво кривично дело е исто така крвично дело според македонскиот Кривичен законик, а Обвинителството по допрен глас би требало да го повика Заев.