Македонија 17. декември 2020. / 11:01

(ВИДЕО) Панов открива што договорила комисијата: Името Македонија е наследство на Грција?

(ВИДЕО) Панов открива што договорила комисијата: Името Македонија е наследство на Грција?

Утрово на Радио Лидер гостуваше историчарот Митко Панов кој работи во Институтот за национална историја. Тој ги коментираше актуелните реформи во образованието со кои се предвидува изземање на предметот историја од училиштата и спојување со други предмети.

Тој иако првенствено зборуваше за Бугарија каде, според него, крајна цел е да се укине се‘ што е македонско се осврна и на проблемот со Грција.

– Се договориле дека името Македонија не може да се поврзе со словенството во средниот век, дека тоа е античко наследство на Грција. Тоа е регионален термин, а ако се зборува за Александар тоа има само грчки карактер, вели Панов за Радио Лидер.

Според него преку комисијата со Грција и Бугарија ние де факто се редефинираме како народ.

– Се одзема придавката македонски, во комисијата се договориле дека термините Македонци и Македонија не може да се користат со словенството. Плус се договориле дека во иднина не може да се користи терминот „Егејска Македонија“ покраина на Грција, додаде Панов на гостувањето во „Утро со Златев“ на Радио Лидер.