Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Игор Николов ја извади пресметката од својата плата пред министерот за здравство Венко Филипче за време на нивниот дуел во емисијата Детектор на Сител.
Николов го обвини Филипче дека владата не го реализирала ветувањето за 100.000 денари плата за специјалистите коментирајќи дека оваа бројка се уште е далеку од реалноста.
Филипче вели дека платата е зголемена во три наврати.
–Основната плата е зголемена во три наврати. Зголемена е минатата година во септември, зголемена е на почетокот на оваа година во јануари и се зголемува во февруари следната година – рече Филипче.
Тој додава дека дежурствата се зголемиле во 2018 година на средината и дека,како што вели, 100.000 денари плата е сега реалност. На Хируршките клиники.
–Еве ви ја министре мојата палта, доктор, доцент, доктор на науки, магистер, со сите салтанати и со 5 дежурства во месецот, 70.000 денари – вели Николов.