Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на својот Фејсбук профил објави видео во кое јасно се гледа манипулацијата на Зоран Заев со јавноста, во врска со идентитетот и датумот за почеток на преговори со Европската унија.
Николоски напиша:
ДОСТА Е!
• Три години лаги!
• Три години Заев лаже дека Македонија добила датум за преговори ама никако да каже КОЈ Е ДАТУМОТ?
• Три години лаги дека идентитетот е зачуван, а идентитетот е оспорен како никогаш порано!
• Три години слатки лаги за власт и пари.
• Три години лаги додека европската иднина исчезнува!
Што е доста, доста е!