Македонија 18. август 2018. / 21:21

(ВИДЕО) Нема крај на аферите на Венко Филипче: Нова афера во снабдување со лекови

(ВИДЕО) Нема крај на аферите на Венко Филипче: Нова афера во снабдување со лекови

„Венко Филипче повторно се поврзува со нова афера. Овој пат со снабдување, со донации на лекови со кус рок“, вели денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, министерот Венко Филипче директорува со невладина организација за донација на лекови со кус рок за држави од Централна и Источна Европа како и за државите од поранешниот Советски сојуз. Ваквите донации, компаниите донатори ги користат за ослободување од лекови со преостанат кус рок на употреба заради скапото понатамошно уништување на истите лекови. Затоа сега јавноста овој факт го поврзува со прашање со скандалот со распределбата на инсулин со кус рок во Република Македонија“, смета Стоилковски.