Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше универзитетскиот професор Александар Нацев. Со него се дискустираше на повеќе теми како: безбедноста, нашиот влез во НАТО, условите на Армијата на Македонија и слично.
– Се направи една перцепција дека кога ќе влеземе во НАТО се магично ќе се смени, но тоа воопшто не е така затоа што системот на колективна одбрана што го носи НАТО една работа, а индивидуалните системи кои ги носи секоја друга земја е друга работа, вели Нацев за Радио Лидер.
Според него условите во нашата армија не се на задоволително ниво.
Со него се разговараше и на темата локални избори, а тој најави дека е еден од предложените кандидати за Пробиштип од неговата матична партија, ВМРО-ДПМНЕ. Дел од емисијата заедно со новинарот Златев ги коментираа гафовите на Шекеринска.
Целото гостување може да го погледнете ТУКА.