Денеска гостин во утринскиот подкаст „Утро со Златев“, на Радио Лидер, беше новинарот Горан Момировски, кој разговараше за застапеноста на политичарите од власта во медиумите кои се критички настроени кон владата.
Тој зборуваше за храброста на премиерот Зоран Заев да се појави на медиуми критички настроени кон него.
-Кога станува збор за Заев, се чини дека и нему му тежи оваа ситуација. Вие да бидете најмоќен човек во државата, и во исто време да се плашите да отидете на критички медиум е срам за него, и тој го чусвтува тој срам и страв. Да ве поддржуваат најголемите европски сили, а вие да се плашите да отидете кај луѓе коишто, да бидам скромен, ништо посебно нема да извадат за вас. Замислете, имате таков апарат зад себе, толку многу советници, соработници,партии, институции, а вие немате храброст да отидете некаде, рече Момировски.
Момировски смета дека секој може да извади лажи информации и видеа, меѓутоа не се плаши бидејќи никогаш не учевствувал во ниту една корупција и ниту еден тендер.
-Сум работел за ОН, сум работел за Црвен крст, сите сметки ми биле проверувани, сите активности, имоти, трансакциски сметки и не можеле да најдат ништо. Тоа е нивен најголем проблем, затоа сме ние најголем проблем. Јас сум сигурен дека доколку можат да не фатат и уценуваат, тогаш самите ќе бараат да дојдат да гостуваат во емисија, истакна тој.