Македонија 17. декември 2018. / 17:45

(ВИДЕО) Мисајловски од Штип: СДСМ ништо добро не направи за граѓаните, се што ветија излажаа

(ВИДЕО) Мисајловски од Штип: СДСМ ништо добро не направи за граѓаните, се што ветија излажаа

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ од Штип испрати порака дека СДСМ ништо добро не направиле за граѓаните, и дека се што ветија излажаа.

Во Свети Николе ништо не се работи, ветија гасификација но за жал на терен може да се види дека нема ниту еден капитален проект. Тука во Штип може да видиме иако се фалат со многу проекти, нема ништо. Капиталните инвестиции во Македонија се на едно минимално ниво. Пред извесно време може да слушневме дека од локалната самоуправа се фалат дека направил дури 1000 метри локален пат. Или народски кажано направиле 1 километар локален пат и се фалат како некој епохален напредок да направиле тука во Штип.  ВМРО-ДПМНЕ остави огромен проект а тоа е автопатот од Скопје до Штип. Кој неколку години покасно се уште не е пуштен, изјави Владо Мисајловски од Штип.