Македонија 23. ноември 2019. / 10:06

(ВИДЕО) Министерот Адеми призна дека премиерот Заев лаже

(ВИДЕО) Министерот Адеми призна дека премиерот Заев лаже

Пред да дојде на власт, премиерот во заминување Зоран Заев си поигруваше со емоциите на граѓаните и нивната болка за најблиските, потсетува пратеникот Антонио Милошоски. Тој го сподели видеото на кое во предизборието од центарот во Битола, премиерот во змаинување ѝ ветуваше на една мајка дека ќе ѝ го врати синот.

Во едно гостување неодамна, министерот без ресор и член на СДСМ, Едмонд Адеми, призна дека ова ветување е само една голема лага.

-Секој кој вели дека ќе го запре иселувањето, ве лаже. Секој кој вели дека тие што заминале ќе ги врати дома, исто така лаже, вели Адеми.