Македонија 15. август 2018. / 18:19

(Видео) Мицкоски: Нема македонски универзитет во првите илјада на Шангајската листа

(Видео) Мицкоски: Нема македонски универзитет во првите илјада на Шангајската листа

Македонија се соочува со уште еден голем пораз, ниту еден од универзитетите во земјата не е во првите илјада на Шангајската листа, рече во видеообраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ветуваа иднина, а образованието ни е руинирано. Каква е таа иднина кога имаме и официјална потврда дека ниту еден од универзитетите во државата не е според својот квалитет во првите илјада во светот. Ќе потсетам дека ветуваа живот, но добиваме порази. Нема градење иднина без пристојно и квалитетно образование. Македонија е исклучена од оваа листа. И додека образованието во Македонија стагнира, во првите 500 се универзитетите од соседството Белград, Атина, Љубљана, Софија, Солун“, рече Мицкоски.

Тој обвини дека Владата нема стратегија во високото образование, а наставниот кадар е немотивиран. Неуспехот на Владата, вели Мицкоски, го плаќаат младите. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека Македонија нема да стане членка на Европската Унија со неквалитетно образование кое не е рангирано ниту во првите 1000 универзитети.

„Нема иднина доколку главен приоритет за власта се криминални иновации наместо реформи во образованието“, заклучи Мицкоски во видеообраќањето.