Македонија 30. септември 2018. / 21:08

(Видео) Мицкоски: Граѓаните порачаа – Ова е Македонија! Зоран Заев да не зборува за предвремени избори, туку нека се спрема да си замине

(Видео) Мицкоски: Граѓаните порачаа – Ова е Македонија! Зоран Заев да не зборува за предвремени избори, туку нека се спрема да си замине

Длабокот неуспешен референдум, Македонија вистински победи. Бројот на граѓани кои не дадоа поддршка, апстинираа или гласаа против, е драстично поголем од оние кои гласаа ЗА.

Договорот со Грција не доби зелено светло, народот кој е сопственик на оваа земја покажа демократска и патриотска свест.
Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, така ќе биде и во иднина. Ви благодарам на сите.

Референдумот е неуспешен, граѓаните му кажаа на Заев – едно големо НЕ за капутулантскиот договор со Грција и криминалот и корупцијата која ја спредува тој и неговата Влада. Референдумот е неуспешен и со историски најнискиот одзив на граѓаните на Македонија, Заев и Владата немаат легитимитет.

Договорот со Грција не помина на референдум – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во првото обраќање по референдумот кој имаш историски најниска излезност.
Ќе дојде време да одговараат за криминалите, но и како приватни телефонски броеви се најдоа во рацете на луѓе од штабот на СДСМ.

Народот е на нозе, ќе ве победиме. Народот ја сака Европска Македонија, но се против договорот Заев-Ципрас. Поларизацијата меѓу народот е вештачка и создадена од Заев, народот мора да се сплоти. Битката до конечна победа продолжува, порача Мицкоски.

Утре е први октомври, да почнеме да ги решаваме проблемите на граѓаните, Македонија по година ипол му рече на Заев – НЕ, доста е.

Јасна е пораката до нашите пратеници и не само до нашите, туку до сите. Зоран Заев не треба да се подготвува за предвремени избори, треба да се подготвува за трајна политичка пензија, порача Мицкоски.