Македонија 08. февруари 2019. / 09:25

(ВИДЕО) Мицкоски: Филипче не може да се справи со состојбите во здравството – оставка веднаш!

(ВИДЕО) Мицкоски: Филипче не може да се справи со состојбите во здравството – оставка веднаш!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео од катстрофалните состојби во здравството.

Неспособноста на министерот Венко Филипче ги загрозува пациентите, но и медицинскиот кадар, смета Мицкоски, и побара одговорност.

Потребни се промени, па затоа Мицкоски вели дека треба да се одржат предвремени парламентарни избори.

– Во здравството владее хаос.

Министерот Венко Филипче исто како и неговиот шеф Зоран Заев, бесрамно ја лаже јавноста, не ги исполнува ветувањата, не може да се справи со состојбите, ги загрозува пациентите, не се грижи за медицинскиот кадар, им наштетува на граѓаните.

Здравствениот систем е уништен, а довербата е изгубена.
Потребна е одговорност.

Оставка за министерот веднаш.

Потребни се и промени, потребни се предвремени парламентарни избори. – напиша Мицкоски на Фејсбук.