Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција откри дека најголемата опозициска партија решила на изборните листи за предвремените парламентарни избори во април да доминираат и да бидат предводени од лица кои до сега не се нашле на истите.
– Во изборните единици, најголемиот дел, можеби и комплетно, целосно ќе бидат луѓе кои до сега не биле носители на пратеничките листи. Истото ќе биде и со составот на пратеничките листи. Најголемиот дел би биле луѓе кои до сега не биле пратеници. Мерењата ќе го дадат одговорот за тоа. Сето тоа ќе треба Централниот комитет на крајот да го потврди, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.
Тој рече дека во моментов се анкетираат луѓе кои се дел од јадрото на ВМРО-ДПМНЕ, но и од јавниот општествен живот и не се политички определени, односно земени се во предвид имиња на 500-тини личности.