Германската канцеларка Ангела Меркел која дигитално учествува на Самитот во Софија им порача на Заев и Борисов дека мора да се согласуваат кога се работи за европската иднина на регионот.
–Берлинскиот процес секогаш е поврзан со помирувањето на недоразбирањата и наследствата од минатото и се надеваме дека и овој процес ќе помогне. Она што мора да го кажам е дека мора да се согласувате. Не заборавајте го тоа, затоа што е многу важно, порача Меркел на крајот.