Премиерот Зоран Заев објави видео во кое американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздравува министерот за надворешни работи, Никола Димитров и му посакува добредојде во НАТО.
Во вториот дел од видеото Јенс Столтенберг се обраќа пред американскиот Сенат и зборува дека годинава Северна Македонија го потпишала протоколот за членство во НАТО, на што доби аплауз од Сенатот. Потоа Столтенберг вели дека со помош на Сенатот Македонија ќе стане 30-тата членка на НАТО.