Со над 50 проценти студентска невработеност, неквалитетно високо образование, со младинска гаранција само за децата на функционерите на СДСМ и со лажни ветувања секако дека младите во Македонија ќе купуваат карта во еден правец, вели во интервју за Лидер, Јован Јаулески претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ на младите им ветуваше 500 евра плата, им ветуваше подеднакво вработување за сите, а гледаме дека се вработуваат само синовите и ќерките на функционерите на СДСМ, стипендии добиваат ќерката на Никола Димитров, синот на Хари Локвенец, децата на Мира Дизел, ветуваа студентски град, намалување на младинската невработеност, ова е само дел од понижувањето кое Заев им го приреди на младите, изјави Јаулески.
Тој вели дека исселување имало и ќе има, но потребно конечно креирање на предлози и решенија, чесен и искрен пристап кон секој млад човек, да не се лажат младит и да се согледааат нивните очекувања и да се даде максимум за тоа да се подобри.
– Имаме тотална нефункционалност на Закон за образование кој беше донесен пред една година. Нема Агенција за квалитет на високото образование, не е формиран одбор за акредитација и евалуација, нема студентски правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, нема формирано студентско организирање, објаснува во интервјуто за Лидер Јаулески и додава дека тоа што го добивме во овие 500 дена од оваа власт е „студентски пратеник“, Ивана Туфегиќ која брутално ги злоупотребуваше студентите пред три години, додека квалитетот на образование не е на рангот со афричките земји.
Целото интервју со претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески погледнете го во продолжение.