Македонија 17. октомври 2019. / 16:13

(ВИДЕО) „Еко-свест“: Забраната за користење на цврсти горива за греење ќе го преполови аерозагадувањето

(ВИДЕО) „Еко-свест“: Забраната за користење на цврсти горива за греење ќе го преполови аерозагадувањето

Дали и зимава сè ќе биде сеење магла во густата магла од чад, кога здравјето на скопјани, битолчани, тетовчани, но и на жителите од други градови во земјава ќе биде загрозено од загадувањето на амбиенталниот воздух?

Итни и ургентни мерки, за жал, нема, брзо решение нема. Она што брзо можеме да направиме против аерозагадувањето е да ги имплементираме мерките кои што веќе се ветени, кои што веќе си ги имаат штиклирано како задачи секоја институција која седи во Интерсекторската работна група за воздух и да започне поинтензивна имплементација на планот за воздух, вели во разговор за Лидер Елена Николовска од НВО „Еко-свест“.

Извештајот на здружението покажува дека само 30 отсто од владините мерки за справување со аерозагадувањето се исполнети, а нивниот предлог е носење закон со кој ќе се забрани користењето на цврсти горива за греење со што би се преполовил проблемот со аерозагадувато.

Целото интервју погледнете го во продолжение.