По посетите на Париз, Брисел и Берлин, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров за Дојче веле изјави дека сигналите се позитивни и дека работите во врска со почетокот на преговори со ЕУ одат во добар правец.
– Охрабрен сум. Има земји како што е Франција каде што процесот на донесување одлука е е во конечна фаза. – рече Димиторв.
Тој додаде дека е време да се започнат преговорите бидејќи веќе 10 година по ред добиваме позитивна препорака.
– Многу ќе биде тешко да се верува ако нема конечна одлука од земијите членки во октомври. Мислам дека работите одат во добар правец. – нагласи шефот на македонската дипломатија.
Според Димиторв пречки за почеток на преговорите е исходот од Законот за јавно обвинителство, кој мора да биде добар, демократски закон.
Димитров запрашан дали разговарал во Берлин за тоа што во Германија се повеќе се користи северномакедонски/северномакедонско, што е спротивно на Договорот од Преспа, тој кажа дека за тоа реагирал кај Хајко Маас.