Македонија 04. јануари 2021. / 10:17

(ВИДЕО) Даштевски: Не смеевме да дозволиме промена на преамбулата и бришење на АСНОМ

(ВИДЕО) Даштевски: Не смеевме да дозволиме промена на преамбулата и бришење на АСНОМ

Утрово во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер, гостин е Александар Даштевски. Со него се дискутира на повеќе теми и се коментира работата на Владата.

Според него Македонија направи голема грешка што ја промени преамбулата. Дури, како што вели тој, најлошото нешто е промена на името, дури полошо и од промена на името.

– Преамбулата зборува за историјата. За тоа на кои темели е заснована државата. Ако го немате тоа немате ни Устав, вели Даштевски за Радио Лидер.

Преамбулата не смее да се смени според него. Тој како пример ја посочи Америка, што би се случило доколку таа ја смени преамбулата.

– Замислете Американците да го сменат Уставот. Уставот на САД се заснова на декларација на независност. Таа декларација им ги гарантира сите права, дополнува Даштевски.

Во продолжение може да го слушнете исечокот од гостувањето на Даштевски во Радио Лидер.