Ќе излезе ли докторската фела на штрајк или пак ќе ги добијат ветените 100 илјади денари плата, што попрво ќе се случи?
Претседателот на самостојниот синдикат на Клинички центар, д-р Горан Беговиќ, во интервју за Лидер вели дека синдикатот не е за штрајк, повеќе се за преговори, кој за жал се немаат случено веќе десет месеци.
Членовите на синдикатот бараат тоа што Владата им го ветила во програмата 2017-2020 година, меѓу најважните работи дека лекарската плата ќе биде 100 илјади денари.
Беговиќ ги негира тврдењата на министерот Филипче дека ветувањето е остварено.
-По колективниот договор кој и министерот го знае и има имаме 44.517 денари основна плата на доктор специјалист и сме далеку од тие бројки за кои од власта тврдат дека ги оствариле, вели Беговиќ.
Додава дека дежурствата, двојната работа, не се сметаат во основна плата туку како додаток на плата. Според синдикатот тоа е неприфатливо и укажуваат на тоа дека програмата досега не е остварена.
-Реално е власта да фали, тие знаат колку им се можностите и колку издвоиле, но ние ја гледаме нашата реалност. Покачувањата од 5 или 10 проценти на платите на крај завршуваат со гурбет на докторите и здравствениот персонал на Запад, дециден Беговиќ и додава дека како синдикат го почитуваат секое покачување, но дека не е вкусно тоа да се најавува дека тоа е крајот на тоа што лекарите и медицинскиот персонал го заслужуваат.
Целото интервју во кое Беговиќ зборува и за тоа како е исполитизирано барањето на лекарите погледнете го во продолжение.