Македонија 11. февруари 2021. / 11:46

(ВИДЕО) Арсовски: Набавката на вакцини е гол пи-ар на СДСМ, последиците ги трпат граѓаните

(ВИДЕО) Арсовски: Набавката на вакцини е гол пи-ар на СДСМ, последиците ги трпат граѓаните

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски утрово гостуваше во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер при што говореше на повеќе теми за актуелната политичка ситуација. Пред сѐ се зборуваше за неуспехот на владата во набавувањето на вакцини против КОВИД-19 и справување со истата пандемија.

Според Арсовски вакцинирањето во Македонија би било по партиски списоци на СДСМ.

– Вчера имаше конкретен пример со господинот Венко Филипче кој што е министер за здравство, истиот тој сосема случајно на својот профил имаше најавено дека баш 8.000 се регистрирале на сајтот vakcinacija.mk кој што патем не беше ни функционален во првите десетина часа. Се што прават од оваа власт е купи ден, помини. Се што прават е крајно непрофесионално и несериозно. И се што прават е само гола политика и гол ПР. Почнувајќи од овој обичен случај каде што 8.000 вакцини како донација добиваат од соседна Србија, која што во моментов сакајќи или не се изгради како лидер во регионот во однос на спроведување на вакцинација и справување со КОВИД пандемијата, појасни Арсовски во неговото госување на Радио Лидер.

Новинарот Златев со портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и на други теми. Во овој подкаст една од темите беше и скандалозната изјава на Шекеринска за која Арсовски вели дека со тоа се потцениле граѓаните на Република Македонија.

На овој подкаст се дискутираше и за економските мерки на министерот Битиќи за кои Арсовски вели дека на крај испаднало точно како што предупредиле ВМРО-ДПМНЕ.

Освен овие теми, Арсовски говореше и за тоа како „СВ Инвест” влегол во РЕК Битола.

Целото интервју на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на Радио Лидер може да го погледнете ТУКА.